Астронаутка се врати дома по рекордни 328 дена во вселената, а нејзиното куче ја има најискрената реакција

Како што вели популарната поговорка, кучето е единственото нешто на Земјата што ве сака повеќе отколку што се сака себеси. И за некои од нас, тоа е и повеќе од точно. Астронаутката Кристина Кох само што се врати на Земјата откако помина 328 дена во вселената на Меѓународната вселенска станица.

И иако сигурно ќе биде предизвик да се прилагоди на животот на нашата планета откако била во нулта гравитација толку долго време, таа има свое семејство и најблиски кои ќе ѝ помогнат да го надмине тоа. Но, нејзиното куче ја има најискрената рекација, иако на момент таа се плашела дека можеби нема да ја препознае после толку долга разделба.