10 кратки вицови за весел старт на работната недела
Изгледа претерувам со онлајн нарачките.
Вчера доставувачот ми ѕвони на домофонот и ми вели:
– Отвори, јас сум!
– – – – – – –
Ако имаш добра полиса за животно осигурување, уживај во неа. Скокај со падобран, тепај се со мечка, кажи ѝ на жена ти да замолчи.
– – – – – – –
Не можеш вечно да се криеш од животот во сапунските серии и компјутерските игри. Кога-тогаш ќе мора да се пропиеш, како нормалните луѓе!
– – – – – – –
Маж и жена на сексолог.
Жената:
– Мажот ми страда од предвремена ејакулација!
Мажот налутено:
– Не страдам јас, таа страда…
– – – – – – –
Во блиска иднина, пред да седнеме на шолјата во тоалетот ќе мора да изгледаме реклама, за да се отвори капакот! Запамтете ми го зборот!
– – – – – – –
Фeјсбук е како баба ми! Само да дознае дека нешто ми се допаѓа и почнува да ми тура од истото додека не ми се згади.
– – – – – – –
Кога ги слушам жените како си прават муабет, на секоја од нив децата ѝ се генијалци, а буквално сите се правени од мажи идиоти. Тоа е некаков генетски парадокс!
– – – – – – –
– Здраво, јас се викам Томе и сум алкохоличар.
– Здраво, јас се викам Ана и сум наркоманка.
– Здраво, јас се викам Маја и сум хипохондрик.
– Здраво, јас сум Марина и сум класна на вашите деца. Да започнеме со родителската средба.
– – – – – – –
– Мажу, каков ти е овој број во телефонот „Мила прост*тутката“?
– Пааа, една прост*тутка – понекогаш ѝ се јавувам…
– Не лажи! Тоа е шефот ти и пак ќе работиш за празниците, идиот еден!
– – – – – – –
Нема производ за еднократна употреба, којшто Македонецот не го искористил барем два пати.
