Измислиен е првиот телевизор кој можете да го лижете за да ја вкусите храната на екранот
Дали некогаш на малите екрани сте виделе храна што изгледа толку вкусна што сте сакале да го излижете вашиот телевизор? Епа имате среќа.
Taste the TV (Вкусете го телевизорот или TTTV) е направен да ги носи вкусовите на екранот до вашата уста, сето тоа преку едноставно лижење. Сè уште е прототип во моментот, но се надеваме дека екранот што може да се лиже ќе создаде „мултисензорно искуство“.
TTTV е развиен од професорот Хомеи Мијашита, заедно со околу 30 студенти на Универзитетот Меиџи во Јапонија. Уредот работи со помош на рингишпил од 10 канистри со вкус кои прават комбинации за да создадат вкус на одредена храна на екранот, како чоколадо. Овој вкус потоа се пренесува на хигиенска лента над екранот, која луѓето можат да ја лижат.
Иако едвај изгледа како идеален уред за време на пандемијата, професорот го гледа како начин луѓето да се поврзат со надворешниот свет дури и кога се заглавени внатре. „Целта е да им се овозможи на луѓето да имаат искуство како јадење во ресторан на другата страна на светот, дури и додека седат дома“, рече Мијашита.
Тимот зад TTTV, исто така, произведе други уреди, како што е вилушка што всушност го прави вкусот на храната побогат. Мијашита, исто така, ја разгледува можноста оваа технологија да се користи и на други секојдневни јадења; на пример, вкусот на пицата на парче леб.
Иако секој може да има корист од тоа, технологијата за теле-вкус може да биде многу корисна за луѓето што учат виртуелно да готват.
Самиот прототип е склопен во текот на изминатата година. Доколку премине во комерцијална дистрибуција, производството на еден TTTV би чинело околу 875 долари.