НАСА се подготвува за контакт со вонземјани и вработи малку необичен персонал

Националната администрација за аеронаутика и вселена повика свештеник и други религиозни експерти да ја подготват Земјата за можна средба со вонземјани.

НАСА побара совети од 24 теолози за да помогнат да се предвиди како различни култури и религии од различни делови на светот ќе реагираат на контакт со вонземјани.

Во 2014 година, Центарот за теолошка истрага (ЦТИ) на Универзитетот Принстон во Њу Џерси доби грант од 1,1 милиони американски долари, со кои сега треба да се спроведе истражувањето.

Свештеникот д-р Ендрју Дејвидсон, британски свештеник и теолог на Универзитетот во Кембриџ, е меѓу 24-те кои ќе дебатираат за тоа како многу очекуваното откритие на вонземјани ќе биде прифатено од различни религии ширум светот.

Дејвидсон ја сугерира можноста Бог да создал други форми на живот во универзумот во неговата претстојна книга Астробиологија и христијанска доктрина.

Тој наведува:

„Се чини дека нерелигиозните луѓе ги преценуваат предизвиците што би ги доживеале религиозните луѓе доколку се соочат со докази за вонземски живот“.

Поранешниот шеф на Астробиолошкиот институт на НАСА, Карл Пилчер, објасни дека теолозите биле донесени за да го премостат јазот помеѓу науката и религијата.

Пилчер верува дека е „просто незамисливо“ да се мисли дека Земјата е единствената планета дом на животни форми, „кога има над 100 милијарди ѕвезди во оваа галаксија и над 100 милијарди галаксии во универзумот“.