Велосипедски гробишта: Има милиони, но никој не ги сака, без разлика што можат да се возат
Т.н. споделувањето велосипеди, јавниот систем за изнајмување велосипеди во Кина, стана огромен хит пред неколку години. Велосипеди на десетици фирми за изнајмување ги преплавија градските улици. Милиони шарени миленичиња на две тркала беа одеднаш достапни за секој што сакаше да ги јава. Ваквиот развој на ситуацијата во Кина не е невообичаен бидејќи молскавично брзиот раст на производството е вообичаен штом се појави интерес.

Но, интересот за велосипедите во никој случај не беше во согласност со нивниот број, ниту пак инфраструктурата на градовите беше подготвена за таква трансформација. Исто така, недостигаа правила кои ќе регулираат како Кинезите се однесуваат со заедничките велосипеди. Возачите ги паркираа каде и како стигнат или едноставно ги оставаа да лежат каде сакаат на улица.

И онака преполните улици можеа се помалку да дишат, а сообраќајниот хаос значително се зголеми. Кога почна да се регулира бројот на дозволени велосипеди на улиците, веќе беше доцна.

Неуморно се создаваа купишта скршени и напуштени велосипеди, што стана вообичаена глетка во поголемите градови.

Снимките од беспилотните летала кои патуваат низ огромни полиња со ѓубре предизвикаа низа коментари за тоа како велосипедите може да се продаваат, поправаат, па дури и да се извезуваат во други делови на светот, но изостана решение.

Една од причините за ова се високите трошоци за испорака. На гробиштата има многу велосипеди кои се уште се во функција, но нивните сопственици потфрлија поради преголемата конкуренција и сега се оставени на милост и немилост.

Изнајмувањето на заеднички велосипеди е сè уште многу популарно во Кина, но со малку повеќе ред. Додека не се реши проблемот, ни остануваат фотографии од купот отпад како последица на пропаднатите компании.
