Кинезите го запалија „вештачкото сонце“
Кинескиот термонуклеарен реактор EAST постави нов рекорд за постојани високи температури, достигнувајќи 70 милиони степени Целзиусови. Оваа температура реакторој ја одржувапше повеќе од 17 минути.
Крајната цел на проектот е да генерира речиси неограничена чиста енергија која ги имитира природните реакции кои се случуваат во внатрешноста на ѕвездите.
Новинската агенција Кцинхуа, која ја објави веста, нагласува дека енергијата од таканаречената контролирана фузија не остава опасен отпад, а суровините потребни за „вештачкото сонце“ се наоѓаат на Земјата во практично неограничени количини.
Проектот веќе ја чини Кина повеќе од 943 милијарди долари.