Ова се спортистите кои најмногу заработија во 2021 година

Меси е на второ место, а Роналдо дури трет.

1. Конор Мек Грегор – 154 милиони евра

Кој друг би бил шампион ако не ММА борецот Конор Мек Грегор, но има еден интересен факт за неговите приходи. Само мал дел од нив се од спортот, а дури 128 милиони му е заработката од брендот ирско виски „Proper No“, во кој Конор има мнозински удел, односно е сопственик. На здравје!

2. Лионел Меси – 111 милиони евра

Меси со години е во врвот на оваа листа, а во 2019 беше дури и на прво место. Годишната плата му е 34 милиони, но ангажманите за реклами си го прават своето.

3. Кристијано Роналдо – 102 милиони евра

Доживотен договор со Најк, неговата сопствена линија за облека, хотели, спортски сали и безброј спонзорски договори на неговиот Инстаграм со 500 милиони следбеници. Приходот од играњето фудбал и овде доаѓа во спореден план.

Остатокот од листата изгледа вака:

4. Дак Прескот (рагби, 92 милиони евра)
5. Леброн Џејмс (кошарка, 82 милиони евра)
6. Нејмар (фудбал, 81 милиони евра)
7. Роџер Федерер (тенис, 77 милиони евра)
8. Луис Хамилтон (Формула 1, 70 милиони евра)
9. Том Брејди (рагби, 65 милиони евра)
10. Кевин Дурент (кошарка, 64 милиони евра)