Тажната судбина на поранешната ѕвезда од филмовите за возрасни: По живот исполнет со трауми, поради ретка болест остана неподвижна
Пензионираната ѕвезда од филмовите за возрасни Џена Џејмсон (47) е примена во болница каде ќе остане додека не закрепне бидејќи моментално не може да оди поради ретка болест.

Таа се јавила од болницата на својот Инстаграм каде открила дека и бил дијагностициран Гилен-Баре синдром, ретко автоимуно нарушување кое предизвикува имунолошкиот систем да ги оштетува нервите, што може да доведе до мускулна слабост, а понекогаш и парализа.

Во видеото што го објави таа им се заблагодари на сите за поддршката и вели дека се надева дека терапијата ќе успее за да може да биде пуштена од болница. Обожавателите во коментарите и посакале брзо закрепнување, а многумина и напишале дека ќе се молат за неа.
За здравствената состојба на поранешната порно ѕвезда проговори и долгогодишниот партнер Лиор Битон, со кој ја има четиригодишната ќерка Бател Лу.

Тој на својот Инстаграм откри дека Џена отишла во болница по повраќање две недели, но потоа ја испратиле дома, за после два дена повторно да ја примат бидејќи мускулите на нозете и биле толку слаби што повеќе не можела да оди.
Претходно, животот на Џена веќе беше исполнет со трауми, а зад неа стоеја два пропаднати брака.

Таа издржа само десет недели со нејзиниот колега и сопственик на порно компанија Бред Армстронг. Двојката раскина во 1997 година, но до 2001 година работеа заедно со договор, а дури тогаш официјално се разделија.
Вториот сопруг бил сопственик на порно студио Џеј Грдина, а биле во брак од 2003 до 2006 година. За тоа време тој бил единствениот маж со кој снимала сцени, а за време на тој брак дознала и дека има рак на кожата. Иако беше отстранет со операција, Џена веднаш по дијагнозата абортираше и повеќе не можеше да забремени со него, а сиот тој стрес доведе до развод.

Во 2006 година, на популарниот „Мајспејс“, Џена го запознала поранешниот борец на УФЦ, Тито Ортиз, со кого во 2009 година имала близнаци, но парот се развел во 2013 година.

Започнала да снима филмови за возрасни во 1993 година, како одмазда на нејзиното поранешно момче, мајсторот за тетоважи Џек, за неговото неверство, а подоцна во својата книга открила дека била силувана од неговиот вујко и дека на 16 години била жртва на групно силување.
Бурниот живот на Џена беше исполнет со зависности од дрога, како и со пластични операции, кои ја направија непрепознатлива.
