Трагична глетка: Слонови се хранат на депонија во Шри Ланка и умираат откако ќе изедат одредена количина на пластика
Два слона починаа во текот на викендот, откако проголтале пластика од отворена депонија во Палакаду, источна Шри Ланка.
Според локалните научници, во нивниот стомак било пронајдено големо количество пластика.
Слоновите веќе се загрозен вид во Шри Ланка поради континуираното уништување на нивните природни живеалишта. Поради недостатоткот на храна, слоновите мораат да се приближуваат до живеалиштата на луѓето, а дел од нив да се хранат и од депонии.


















