Најголем инаетчија (виц)
Тројца приjaтели седaт вo кафана. Си пијат ракија и се расправаат кој бил најголем инаетчија.
Првиот вели:
– Јас сум таков инаетчија што жена ми кога ќе ме изнервира по еден месец не ѝ правам муабет.
Вториот вели:
– А јас сум пак уште поголем инаетчија. Кога мојата ќе ме изнервира, по три месеци не ѝ правам муабет.
Третиот:
– А јас сум толку голем инает што жената ме изнервира на првата брачна ноќ и од тогаш не сум спиел со неа, веќе 15 години!
Другите двајца зачудено:
– Доста бе, 2 деца имаш!
– За инает не прашувам од кого се!
