Автомеханичар еднаш, должник цел живот: Откако го поправил, седнал да го провози Ферарито од 3 милиони евра

Според очевидци, коловозот бил влажен, па мајсторот фаќајќи кривина се излизгал и удрил во трупец крај патот. До толку го уништил Ферарито (вакви има само 400 во светот), што веројатно не може ни да се поправи. За среќа тој завршил со помали повреди, па ќе може на раат да отплаќа рати.