Цел свет дозна за нејзината афера со познат фудбалер, а фаталната бринета денес живее сосема поинаков живот
Поминаа 18 години откако светот ја запозна Ребека Лос, Холанѓанката која беше асистент на Дејвид Бекам и со која славниот фудбалер наводно ја изневерувал сопругата. Веста за нивната афера тогаш одекна во медиумите како бомба, а скандалот не стивнуваше со недели, но Дејвид и Викторија останаа заедно и се чини дека денес се поблиски од било кога.

Британски Мирор пишува дека денес 40-годишната Ребека живее во Норвешка и е учителка по јога. Таа живее сосема поинаков живот од некогаш, а како што кажа и самата живее во норвешката дивина.

„Сега цело време го трошам на јога, трчање, планинарење и наоѓање храна за моите два сина. Животот се промени“, изјави Ребека за The Sun.

Свен Кристјар Скаја е нејзиниот сопруг кој го запознала во реалното шоу на кое работеле заедно. Тие се венчаа во 2012 година по четири години врска, а денес живеат среќен живот на планина со своите деца.

Таа се појави на насловната страница на Плејбој, а Ребека наводно заработила милион фунти од драмата што избувна со Бекамови и редовно се појавуваше пред камера за да ја раскаже својата страна од приказната. Никогаш не е потврдено со сигурност дека тие навистина имале афера, но во тоа време тоа беше вистински скандал.

Ребека проговори за се за таблоидот News of the World. Тоа се случи во пресрет на божиќните празници кога Дејвид се подготвуваше со сопругата Викторија, нивните деца и родители за скијање во Швајцарија.

Тој требаше да им се придружи на зимувањето, а скандалот протече во јавноста токму кога модната дизајнерка и нејзиното семејство беа на аеродромот.

Британските медиуми истакнаа дека Бекам во изјавата по тие написи директно не ја демантираше аферата, а само една недела подоцна австралиската манекенка Сара Марбек откри дека двапати спиела со Бекам.

Тој ги отфрли двете тврдења и рече дека се луди. Викторија, наводно, речиси го напушти Дејвид поради скандалот со Ребека, а со текот на времето, разговорите за неговите вонбрачни врски престанаа, иако имаше уште неколку индикации дека ја изневерува.
