10 кратки вицови за долго смеење

Наближува Свети Валентин, внимавајте што подарувате! Јас лани ѝ подарив на девојка ми букет рози, а на нив имало некое трнче. Потоа цел ден не можев да ја залепам и да ја надувам повторно!

– – – – – – –

– Драги, а пари за свадба имаш ли?
– Секако, цел живот штедам за црни денови!

– – – – – – –

– Да се најдеме во 2 пред Веро?
– Добро. А како ќе те препознаам?
– Јас сум мажот ти ма, аууу.

– – – – – – –

– Учителке, ова што го учиме никогаш нема да ни затреба во животот!
– Да да и татко ти така мислеше, па види го сега колку грешки направил кога ти го пишувал домашното!

– – – – – – –

– Имате висок холестерол и триглицериди во крвта!
– Ич не ми е гајле докторе… Жена ми ја пие!

– – – – – – –

Ако сакаш да пронајдеш одамна исчезнати роднини, купи си стан во Охрид!

– – – – – – –

– Некој од вашите блиски да не имал сериозни заболувања?
– Баба ми страдаше от импотентност…
– Сакате да кажете дедо Ви!?
– Не, дедо беше импотентен, а баба страдаше!

– – – – – – –

– Може ли два пара црни хулахопки?
– Кој број сакате?
– Не е важно, за во банка ми се.

– – – – – – –

Освен да намамам некој маж во собата, да му ставам пиштол на слепоочницата и да му речам „прави деца или умри“, друга опција не гледам.

– – – – – – –

– Ова е вашиот прв ПЦР тест, нели?
– Да, како познавте?
– Интуиција.
– Може ли сега да се облечам?
– Се разбира.