Мистериозен црн дијамант од 555,55 карати на аукција: Никој не знае од каде потекнува, а се шпекулира и за вонземско потекло
Црниот дијамант „Енигма“ тежок неверојатни 555,55 карати се продава на повеќедневна аукција во Сотби која започна во четвртокот во Лондон.
Сотби објави дека тоа е најголемиот фацетиран црн дијамант што некогаш се појавил на аукција и дека е најголемиот исечен дијамант во светот според Гинисовата книга на рекорди од 2006 година.
Познат и како карбонадо дијамант, можно е црниот дијамант да потекнува од вселената. Таква дијамантска структура е пронајдена само во Бразил и Централноафриканската Република, а научниците долго време теоретизираат за нивното потекло.
Тие се обвиткани со мистерија за нивното потекло или формирање бидејќи нема многу на Земјата, изјави за Ројтерс геологот Арон Селестијан, кустос за минерални науки во Природонаучниот музеј во Лос Анџелес.
Селестијан рече дека повеќето карбонати се стари околу 2,6 до 3,2 милијарди години.
„Со оглед на тоа што самата Земја датира од пред 4,65 милијарди години, карбонадото е формирано кога земјините плочи сè уште се движеле и кога се одвивала оксигенација на атмосферата“, рече тој.
„Мислиме дека тие можеби се формирале многу длабоко во Земјата, многу подлабоко отколку што веќе знаеме за дијамантите. Постојат хипотези кои сугерираат дека тие потекнуваат од точките на удар каде што голем астероид удрил во Земјата“, рече Селестијан.
Постојат и меѓуѕвездени хипотези кои сугерираат дека тие настанале во вселената, а потоа паднале на површината на Земјата.
Се очекува да се продаде за помеѓу 4 и 7 милиони долари. Сегашниот сопственик го поседува веќе две децении, но пред тоа малку се знае за неговата историја.
Селестијан верува дека истражувањето на дијамантите може да ни каже многу за минералогијата на длабоката Земја или за еволуцијата на нашиот Сончев систем. Аукцијата завршува на 9-ти февруари.