Гребнатинка на лактот предизвика кај овој човек состојба од која страдале само околу 120 луѓе низ историјата на светот
Еден човек од Род Ајленд стана еден од 120-те луѓе кои некогаш заболеле од црна габа на мозокот – и сето тоа е затоа што си го изгребал лактот.
Тајсон Ботенус, од Провиденс, патувал низ Костарика додека ја прославувал својата свршувачка со свршеницата Лиза. На полуостровот Никоја работите се одвивале според планираното, се додека не паднал додека возел велосипед по некои правливи патишта.

Тој падна на земја и го изгребал лактот. Се разбира, тој брзо се исчистил и дури ја посетил локалната болница за да се увери дека се е во ред. Раната му била стерилизирана и како и повеќето луѓе верувал дека тоа е крајот.
Во текот на следните неколку месеци на Тајсон не му било добро. Тој се борел со страшна мигрена и пиел многу апчиња против болка. Тој добил и делумна парализа на лицето, па дури и направи три биопсии на мозокот. Неговиот пад на одмор всушност го оставил со Cladophialophora bantiana, позната и како „црна мувла“.

Според Националната медицинска библиотека на Соединетите Американски Држави, имало 120 познати случаи на состојбата како на Ботенус – и освен него, се чини дека сите починале како резултат на тоа, а „долгорочно преживување од апсцеси на церебрална црна мувла е пријавено само кога има целосно хируршко отстранување.“

„Не сум сретнал некој друг што го има ова… сите други за кои верувам дека ја имаат оваа габа, за жал, се мртви“, изјави тој за MailOnline.

Поради тоа што состојбата е толку ретка, лекарите на почетокот се мачеле да му дадат дијагноза на Ботенус. Сепак, по третата биопсија на мозокот, примероците биле испратени во лабораторија во Тексас која успеала да ја идентификува неговата состојба.
Иако многу се шпекулира дека габата потекнува од неговиот пад во Костарика, лекарите рекоа дека тој можел да вдишува нечистотија и прашина додека патувал со велосипед и да ја собрал од друго место.

Неговата долгорочна прогноза не е јасна, а лекарите сè уште се обидуваат да дознаат како да го третираат растот, со оглед на стапката на смртност до 65%. Исто така, не е јасно дали габата сè уште расте.
„Знам дека габата сака да ги населува моите комори, бидејќи внатре е темно и влажно, но не знам дали расте или се намалува“, рече тој.
