Египетска МАЈКА 43 години се преправала дека е маж, за да може да работи како градежен работник и да ја прехрани својата ќерка
По смртта на нејзиниот сопруг, Сиса Абу Даох останала без приходи, неколку месеци пред раѓањето на нејзината ќерка. Роднините сакале да ја омажат по втор пат, но 22-годишната девојка не сакала друг.
За да се вработи во Египет, морала да го сокрие фактот дека е жена. Носела галабеа (долга машка облека со широки ракави), бел турбан и машки чевли. Жената работела на товарање тули и цемент, а се занимавала и со градење на згради.
Таа успеала да се преправа дека е маж цели 43 години. Кога тајната била откриена, Египјанката го напуштила родниот град. Сега, во 2022 година, египетските власти и доделија награда за „совршено мајчинство“.

















