Најубавата спортистка на Зимските олимписки игри: Сонува за медал во необичен спорт, а после тоа има план
Јулија Канакина ќе настапи на Зимските олимписки игри во сабота на 12 февруари.
Таа е најубавата руска спортистка на овие Игри и веројатно најубавата од сите натпреварувачки кои ќе го оживеат својот олимписки сон во Пекинг.

Канакина се надева дека ќе освои медал во скелетон, спорт во кој некогаш ја освои титулата светски јуниорски шампион. Нејзините амбиции се навраќаат на освојување медал.

„Сите доаѓаме на Зимските олимписки игри со причина. За нас не важи мотото “важно е да се учествува”. Сите ќе се борат за подиумот, вклучително и јас. Ќе бидам среќна ако освојам медал”, изјави таа за рускиот Спорт24.

Јулија поради својот изглед има голем број обожаватели и е многу активна на Инстаграм, а во ова интервју го откри својот план кој има намера да го реализира на крајот од кариерата.

„Сакам да се концентрирам на хуманитарна работа и да отворам засолниште за бездомниците. Се надевам дека ќе имам доволно пари и доволно трпение додека не ги добијам сите потребни дозволи и одобренија од локалните власти“, рече Канакина.


Па да видиме во сабота како ќе ѝ се изреализира сонот на убавата девојка.
