Таа позираше за Плејбој на само 10 години, а се чини дека нема ништо против топлес и во шестата деценија!
Американската актерка Брук Шилдс се прослави во култниот филм „Сина лагуна“, снимен во 1980 година, кој во тоа време предизвика големи контроверзии поради голотијата на главните актери, кои тогаш беа само тинејџери.
А се чини дека 56-годишната Брук се уште нема ништо против да се соблече и да го покаже своето голо тело, барем судејќи по последните објави на нејзиниот Инстаграм профил. Имено, актерката објави видео на кое носи црн градник кој го истакна нејзиното деколте, а објави и фотографија на која позира облечена само во фармерки, се со цел да промовира моден бренд за кој сними кампања.

Во коментарите многу обожаватели и испраќаа пораки воодушевувајќи се на нејзината убавина, а таа ја откри и тајната на својот изглед.
„Работев многу со мојот тренер Нго Окафор. Тренинзите ги правевме во 5 часот наутро, но не пиев, па наутро се будев полесно. И моето его ми помогна! Помислив: Ако ги направиш овие слики и не си задоволна со она што ќе го видиш, ќе ти падне тешко“, откри Брук преку социјалните мрежи.

Јавноста отсекогаш ја сметала за убавица и ѝ се восхитувала, иако долго време не се гледала себеси така, поради што не сакала да влегува во љубовни врски. Таа денес отворено признава дека и е жал што порано не се сакала себеси и својот изглед, бидејќи младоста ќе ја минела побезгрижно и поопуштено.

Нејзината мајка Тери ја турнала во светот на шоу-бизнисот, благодарение на што на само 11 месеци ја снимила првата реклама за детски сапун, а на крајот позирала за Плејбој на само 10 години.

На контроверзната фотографија таа стоеше во када, нашминкана и покриена со масло, на Гари Грос, кој работеше на проектот наречен „Жена во дете“ за да ја покаже женственоста на девојчињата од пред адолесценти споредувајќи ги на возрасни жени.

Брук се обиде да ја спречи употребата на фотографијата на почетокот на 1980-тите, но американскиот суд пресуди дека таа е обврзана со условите на договорот и дека законот за детска порнографија не е прекршен. Правата на фотографијата ги купил во 1992 година американскиот уметник Ричард Принс, кој ја уредил и ја нарекол „Духовна Америка“. Во 1999 година, неговата верзија беше продадена за 151.000 долари, а десет години подоцна конечно беше отстранета од лондонската галерија Тејт Модерна, каде што беше изложена цела деценија.
