Материјал дониран од полицијата: Страшна скулптура од 100.000 ножеви создадена од жален мотив
Невообичаена атракција во Англија ги подели мислењата на јавноста. Таканаречениот „Ангел од ножеви“ е модерна скулптура изложена во градот Освестри и благо кажано – тешко е да не се забележи.

Висока осум метри се состои од дури 100.000 ножеви кои заглавени во скулптурата изгледаат како пердуви на крилата. Ножеви беа донирани од фирми и поединци. Некои од ножевите ги донирала дури и полицијата од нивната база на докази, а на дури 30 отсто од ножевите имало телесни течности.

За што се работи? Уметникот Алфи Бредли, кој го создаде ова прекрасно, но и вознемирувачко дело во 2018 година, имаше желба да пренесе и силна порака. Скулптурата направена од ножеви требаше да ја предупреди јавноста за растечкиот проблем на насилството и неговите последици по заедницата, а се беше обединето со слоганот „Спаси живот, предај го ножот“.

Повеќе од 80 семејства го контактирале уметникот со желба да ги врежат своите пораки во споменикот. За жал, тоа се семејствата кои загубиле член поради насилство, односно убиство извршено со нож.
Уште кога беше претставена во јавноста, скулптурата предизвика страсни реакции. Многумина ја поддржуваат работата на уметникот и пораката што ја испраќа, но некои го гледаат целиот проект како многу вознемирувачки.

Во секој случај, скулптурата тргна на турнеја: од Ливерпул до Бирмнигам, таа пропатува голем дел од Англија и досега ја посетија речиси милион луѓе.
