Реновирајќи си ја куќата нашол две куферчиња полни со пари во подрумот
Жител на американскиот град Кливленд, Охајо, реновирајќи си ја куќата забележал еден стар куфер, скриен под еден од дрвените панели што го обложувале таванот на подрумот.
„Го извлеков надвор и ја викнав сопругата“, раскажува тој. „Имаше нешто внатре, но не беше тешко, како монети или златни прачки“.
Во куферот имало весник од 25 март 1951 година и три купчиња долари завиткани во восочна хартија, издадени во периодот 1928-1934. Продолжувајќи со поправката, човекот нашол и второ куферче со пари. Добрата вест е што американските долари секогаш важат, без разлика кога се испечатени, па така човекот се збогати за цели 45 илјади долари.