4 суштества кои можат да се појават низ вашата тоалетна школка и како да ги запрете

Ако се прашувате зошто бубачките и другите штетници ја посетуваат вашата бања, тоа е поради големата количина на влага. И кога зборуваме за тоалетната школка конкретно мора да напоменеме дека многу луѓе не успеваат да ја исчистат темелно. Пуштање вода не е доволно, бидејќи остануваат остатоци и тоа е доволно за да ги привлечете сите погрешни гости.

Змии

Змиите едноставно сакаат ладни, влажни и темни места и затоа вашите тоалетни цевки може да бидат многу интригантни за нив. Но, она што ги тера таму на прво место е канализацијата во која има остатоци од храна со кои можат да се хранат. Кога ќе завршат со храната во канализацијата, ќе бараат излез и цевките се најлесниот и најбрзиот пат. Сепак, не треба да се плашите во зимата, бидејќи змиите се прикрадуваат само во тоалетите во многу топлите лета и во помалку урбани средини.

Глувци

Како змиите, и стаорците се во постојана потрага по храна и нашите цевки може да им бидат многу привлечни. Во куќите каде што тоалетот и ѓубрето завршуваат во истите цевки, стаорците имаат поголема веројатност да најдат начин да влезат внатре.

Значи, не е важно само да ги фрлите вашите остатоци од храна во кеса за отпадоци, туку и никогаш да не ја фрлате храната во тоалетот. Ако нема храна во цевките, стаорците нема да имаат причина да се обидат да влезат во вашиот канализациски систем. Исто така, треба постојано да го држите капакот на тоалетот затворен.

Пајаци

Со пајаците работите стануваат малку посложени, бидејќи тие не можат да пливаат во вашите цевки, но можат да се појават во вашата бања преку друг премин. И кога ќе влезат, веројатно ќе бидат во близина на вашата тоалетна школка. Полските тоалети секако се уште поголем ризик затоа што тука пајаците сакаат да ловат инсекти, кои ги привлекува изметот. За среќа во Македонија нема смртоносни пајаци, но сепак некои можат да предизвикаат иритации на кожата и алергии.

Гуштери

Во југозападниот дел на Соединетите Американски Држави, гуштери кои доаѓаат низ тоалетните цевки се прилично честа појава, за Македонија немаме информации дали се случуваат вакви појави. Тоа е затоа што овие суштества сакаат вода и се обидуваат да најдат храна каде и да можат. Штурците и другите инсекти (како мувите) може да се најдат во водоводот на вашиот тоалет ако не се одржува пристојно чист.

Како да ги спречите и реагирате на овие појави

Одржувајте го тоалетот чист: Ова можеби звучи очигледно, но навистина треба често и уредно да го чистите тоалетот. Средствата за дезинфекција се совршени за таа работа и ако сакате нешто поевтино можете да прибегнете кон бел вински оцет или сода бикарбона. Може да земете и еден од оние освежувачи кои се лепат на страната на тоалетот и испуштаат убав мирис секогаш кога ќе го исплакнете.

Нека биде сув: Повеќето штетници ја сакаат влажноста и затоа ќе бидат привлечени од влажните подови во бањата. Значи, важно е да се ослободите од стоечката вода од мијалникот или подот откако ќе се истуширате. Ако забележите протекување во водоводот, веднаш повикајте техничар и поправете го.

Чистете ги цевките на природен начин: во сад додадете еднакви делови од шеќер, вода, оцет и 5-10 капки сјај за садови. Сето ова измешајте го заедно и истурете го во тоалетот или во лавабото во бањата. Можете исто така да истурете малку врела вода во тоалетот.

Повикајте компанија за контрола на штетници: Ако немате време или храброст сами да се справите со штетниците, повикајте професионалци и оставете ги да ги користат нивните тешки средства за чистење.