Како изгледа суперјахтата на Владимир Путин, вредна 87 милиони евра, опремена и со базен
Се појавија снимки од суперјахтата долга 82 метри наречена „Graceful“, која наводно му припаѓа на Владимир Путин. Видеото излезе на виделина по веста дека е забележано како нагло го напушта пристаништето во Хамбург кон Русија, за што некои шпекулираа дека е обид да се избегнат какви било потенцијални санкции што би биле наметнати на јахтата доколку Русија ја нападне Украина.

Според извештаите, јахтата од 87 милиони евра била почната во 2005 година, а по завршувањето во 2010 година била оштетена при транзит додека била преместувана во Германија, што го одложило завршувањето на бродот. Потоа беила однесен во Blohm+Voss за доработка и била завршена во 2014 година.

Трупот на бродот е направен во Севмаш, најголемата локација за бродоградба во Русија, а бродот се напојува со два мотори MTU и има максимална брзина на крстарење од 18 јазли.

Според извештаите, бродот може да собере 12 гости и 14 членови на екипажот, а има и затворен базен долг 15 метри. За секој случај нели ако не ви се скока во вода.

Сепак, базенот не е само базен; се претвора и во подиум за танцување, што според нас го прави овој брод во основа Трансформер.

Има и винарска визба која може да собере 400 шишиња, па не можете да ни кажете дека луѓето не се забавуваат на овој брод.

Заедно со подиумот за танцување и винската визба, има и свечена трпезарија, салон и чајџилница, така што можете да појадувате, ручате и вечерате во три различни простори.

Јахтата е дизајнирана од H2 Yacht Design и е брод со три палуби. Џони Хорсфилд, основач на компанијата, рече дека сопственикот на јахтата „е многу самоуверена личност“, додавајќи дека бродот бил наменет да биде безвременски во неговиот дизајн.
Хорсфилд додаде: „Тој знае што сака и не е роб на трендовите“.
