10 кратки вицови за долго смеење

Анкета на улица:
– Што ќе им порачате на македонските политичари?
– Сè што им порачал господин Пандев за време на целата кариера на судиите.

– – – – – – –

– Од кога не си имала с*кс?
– Што ден сме денес?
– Четврток.
– Од август.

– – – – – – –

Кога жената вели дека нема што да облече, значи дека нема нови алишта. Кога мажот вели дека нема што да облече, значи дека нема чисти алишта.

– – – – – – –

– Тато, еден милион многу ли е?
– Зависи… сакаш ли да го заработиш или да го потрошиш?

– – – – – – –

– Мажу, сакам да правиме муабет на една тема…
– Да, но брзо, кратко и јасно, ако може!
– 4500!

– – – – – – –

Меѓу вљубени:
– Најмила моја, кажи ми ги оние две зборчиња, што ќе не поврзат засекогаш.
– Трудна сум!

– – – – – – –

Разговор меѓу пријателки:
– Маре, ти што претпочиташ? Вино или маж?
– Зависи… од годината на производство.

– – – – – – –

– Братучед, мојата жена е многу глупава. Си купи кола, а нема ни возачка!
– Тоа не е ништо, мојата е уште поглупава. Кога се врати од службен пат во чантата ѝ најдов презервативи, а нема ни к*р!

– – – – – – –

Има три начини да се заврши една работа.
1. Заврши ја сам
2. Плати некому да ја заврши
3. Забрани им на децата да не ја прават

– – – – – – –

– Кој ти е најдобриот резултат во трчање на 100 метра?
– 50 метра.