Родителите ја оставиле во дом за сираци поради изгледот, а денес оваа необична убавица ги краси насловните страници на угледните списанија!

Ксуели Абинг е кинеска манекенка која имала тежок живот, но ја искористила својата ситуација за да успее во светот на манекенството. Кога била мала, родителите ја оставиле пред кинеско сиропиталиште. Имено, албинизмот во Кина се смета за проклетство. Поради ретко генетско нарушување, на Ксуели и недостасува пигментација, а кожата и косата и се безбојни, а таа е исклучително чувствителна на сонце.

Сепак, овој поинаков изглед ја донесе 16-годишната Ксуели на модните писти денес и ги краси некои од најпрестижните модни списанија во светот, како што е Вог.

„Кога имав три години, бев посвоен и отидов да живеам во Холандија со мајка ми и сестра ми. Во сиропиталиштето го добив името Ксуе Ли, а мајка ми подоцна ми кажа дека не може да смисли друго име од Ксуели со што ги задржав моите корени“, изјави манекенката за Би-Би-Си.

Ксуели не знае точно кога и е родендена бидејќи нејзините биолошки родители не оставиле никакви информации за неа.

„Среќна сум што сум само напуштена и не убиена. Во некои култури албинизмот е толку проклет што луѓето ги убиваат, а нивните коски ги користат лекарите кои веруваат дека можат да излечат некои болести. Се разбира, сето тоа е лудост“, младата жена рече во едно интервју.

Во светот на манекенството влегла на 11-годишна возраст, кога дизајнер од Хонг Конг стапил во контакт со нејзината мајка и ја замолил да се приклучи на неговата кампања.

„Можам да ја подигнам свеста за албинизмот во манекенството“, гордо истакна Ксуели. Таа не им се лути на биолошките родители и пресреќна е што нејзиното семејство кое ја посвоило ѝ дало шанса за живот за кој е сигурна дека не би го имала во Кина. „Никогаш нема да прифатам деца да се убиваат поради албинизам. Сакам да го променам светот“, вели Ксуели.