Тажна глетка: Како се уништува автомобил вреден 2 милиона евра, но сѐ за доброто на клиентите
Мате Римац го воодушеви светот кога го претстави електричниот хиперавтомобил C_Two, кој минатата година беше преименуван во Nevera. Но, патот од претставувањето на самото возило до моделот подготвен за продажба е долг и комплициран и вклучува голем број тестови, вклучувајќи тестови за уништување на автомобил од два милиони евра.

Тестирањето на Nevera траеше со години, а покрај тестовите со вистински автомобили, вклучуваше и илјадници дигитални симулации.

Римац Аутомобилс денеска објави дека конечно ја заврши интензивната програма за глобална хомологација за несреќи за Nevera, кој стана првиот електричен хиперавтомобил сертифициран за САД и ЕУ.

Во програмата беа вклучени дури 45 краш тестови при кои уништија девет автомобили, а на последниот таков тест им помагаше екипа од порталот carwow. Тие снимија и објавија видео на нивниот канал на YouTube, кој го следат речиси 6,75 милиони луѓе, документирајќи го целиот процес – од подготовката на автомобилот и куклите до механизмот за лизгање што го турка возилото кон ударот.
Мате Римац на својот Фејсбук напиша дека се потребни уште некои тестови за американскиот пазар, кои ќе траат уште неколку месеци, но тие не се толку критични како овие краш тестови. Автомобилите наменети за ЕУ сега се подготвени за испорака до клиентите, а наскоро ќе има и модели наменети за американскиот пазар.
