Оваа американска студентка јавно се пожали на ретка алергија на се*с

18-годишната студентка Клои Ловери прво се посомневала дека е алергична на спе*ма кога после оралниот се*с почувствувала неподнослива болка, а лицето почнало да и изгледа како штотуку да посетила стоматолог. По уште една се*суална средба, лицето на девојката се вкочанило.

„Десната страна на моето лице се вкочани и не можев да ги мрднам усните за да ги изразам моите емоции. Чувството беше како анестезија на забар“, објасни таа.

Девојката на настанот реагирала со хумор.
„Мислев дека тоа е повеќе смешна ситуација. Се плашев дека таквото чувство ќе остане засекогаш, но постепено почнав повторно да го чувствувам образот и сè заврши добро. Но, оттогаш избегнувам орален се*с поради оваа причина “, рече таа.

Докторот ѝ рекол на студентката дека болката и црвенилото на кожата се предизвикани од преосетливост на спе*ма. Се испоставило дека жената имала алергиска реакција на протеините што ги содржи.

Поради ова, Клои доживува непријатно чувство на печење во рок од еден час по се*сот. Таа ја опишува сензацијата како „милион игли за акупунктура“. Таа практикува безбеден се*с и користи презервативи кои покрај другото ѝ помагаат да се заштити и од алергиска реакција.