Се повеќе луѓе живеат во метро станиците во Њујорк, а веќе се групираат и во кампови
Стотици луѓе без покрив на главата почнуваат да живеат во метрото во Њујорк. Истражувачките новинари забележаа дека бројот значително порасна од јануари до февруари. По притисокот од медиумите, градоначалникот Ерик Адамс минатата недела ги објави плановите да испрати тимови од полиција и медицински работници во системот на метрото за да ги отстранат бездомниците и да ги упатат да ги користат услугите на организациите специјализирани за таа намена.
Ваквите кампови спонтано водат до голем број на инциденти како што се пијанства, тепачки, самоубиства и убиства. Значителен број од бездомниците, односно околу 20% се со ментално растројство.










