10 кратки вицови за весел старт на работната недела

Таман ќе заврши изградбата на патот Кичево – Охрид и автомобилите ќе станат летачки!

– – – – – – –

Разбирам мајка ти да е против нашата врска, ама пак и мажот ти!?

– – – – – – –

– Докторе, секој пат кога ќе се напијам почнувам да слушам гласови.
– И што велат гласовите?
– Комшија, доаѓај на е*, мојот пак се напи како свиња!

– – – – – – –

Љубовните огласи оваа година:
Барам маж со:
– градско парно
– вакцина
– бункер

– – – – – – –

Ако Ви е досадно и сакате да си го зачините бракот со малку акција, фатете ја жена си за градите и речете:
– На комшивката ѝ се поголеми.

– – – – – – –

Пред телевизорот:
– Мила, на што си мислиш?
– На истото што и ти миличок!
– Е, па тогаш донеси две пивца!

– – – – – – –

– Ве заправ заради возење со брзина повисока од дозволената! – објаснува полицаецот.
– Ајде да се кладиме на 50 евра дека не сум возел со повисока брзина!

– – – – – – –

Таман ќе решам да се збогатам, ту чорапите ќе ми се скинат, ту баничка ќе ми се пријаде.

– – – – – – –

Се среќаваат двајца пријатели.
– Што има ново? Како брачниот живот?
– Ништо, се скаравме, ама сега ќе ѝ пишам.
– А зошто?!
– Да ѝ дадам шанса да ме игнорира. Инаку ќе ми биде уште поналутена!

– – – – – – –

– Мамо, што прави штркот откако ќе ги донесе децата?
– Па, седи или лежи на каучот, јаде, пие, гледа телевизија или игра плејстејшн…