Британка која тежела 108 килограми изгубила третина од тежината заради својот син

Жителкана англискиот град Болтон, Голем Манчестер, која имала 108 килограми, ослабе 38 килограми и ја откри тајната на слабеењето.

Мајката на две деца Беки Вајт (41) изјави дека почнала да се дебелее откако го напуштила домот на нејзините родители за да оди на универзитет. „Сакав пица, јадев цели пакети крофни и бонбони. Имав неколку неуспешни врски, настрада мојата самодоверба и затоа почнав да јадам уште повеќе “, рече Британката.

Жената признала дека 18-годишниот син Харви почнал да се срами од неа. Тогаш Британката решила да ослабе не само заради себе, туку и заради него и се откажала од омилената пица. Вајт почнала почесто да оди со партнер кој активно ја поддржувал на патот кон слабеење и почнала да се придржува до Кембриџ диетата која и овозможила да изгуби една третина од килограмите.

„Се чувствувам посекси и стилски затоа што сега можам да одам на шопинг и да пробам нови модни предмети. Минатата година одевме на трки и носев прекрасен фустан. Се чувствував како милион долари. Што е најважно, Харви е многу горд на мене“, заклучи Вајт.