Хумористичен светоглед: Недостатоците на современото општество преку карикатурите на иранската уметница Махназ Јаздани

„Јас сум раскажувач кој ги раскажува моите приказни преку карикатури, стрипови и анимации. Моето уметничко патување како аниматор и карикатурист го започнав пред 20 години. Професионално цртам карикатури од 2015 година. Имав толку многу приказни во мојата глава кои чекаа да се создадат, но ќе ми требаат многу години за тоа, па за побрзо да ги раскажам моите приказни, избрав комичен стил“, вели Махназ.

„Можеби таквата моја главна карактеристика ме наведе да создадам таква уметност: хумористичен светоглед и размислување за чувствата на другите луѓе, на пример, како се чувствува детето за време на бомбардирањето. Тие ми помагаат да создадам хумористична приказна и потоа да ја раскажам во форма на стрип, цртан филм или анимација“.