Островче со необичен облик на кој оделе помалку луѓе отколку на површината на Месечината

Островот Клефт, попознат како Skull Rock , е дел од националниот парк Вилсонс Промонтори во Викторија, Австралија. Станува збор за мал гранитен остров со зачудувачки облик кој се наоѓа во преминот Бас, кој е долг 300 метри и широк околу 200 метри.

Благодарение на неговата положба, силните ветрови и бранови со текот на времето го обликувале островот, односно на него издлабиле пештера широка 130 метри, длабока 60 метри и висока 60 метри.

Иако привлекува многу љубители на природата, локалната статистика наведува дека само девет луѓе оделе на Skull Rock – помалку отколку на површината на Месечината. Причината за тоа лежи во непристапноста на островот и високите лизгави карпи на кои искачувањето би било исклучително опасно.

Еден од ретките среќници што го посети Skull Rock е шкотскиот новинар Нил Оливер кој го направи тоа во ТВ серијата „Coast Australia“ од 2015 година.

Заедно со неговиот тим, хеликоптер се спушти на врвот на островот и се спуштиja од јажињата во пештерата. Таму, тие пронајдоа распаднатa кугла од топ за кој локалните историчари веруваат дека потекнува од стари бродови кои го користеле островот како мета за вежбање.

Скал Рок е исто така од големо значење за фауната на оваа област – не само што морските птици се гнездат во длабоката пештера, туку се забележани и колонии на фоки.