Актерка трпи страшни последици поради дрога и операции, а начинот на кој сака да ја врати старата убавина не е за сечиј стомак!

Британската актерка Даниела Вестбрук, покрај тоа што е позната по појавувањето во серијата „EastEnders“, дополнително внимание на јавноста привлече и со честите посети на естетските зафати и операции, од кои изгледа нема намера да се откаже.

Наскоро, 49-годишната Даниела се подготвува за операција при која треба да и се стави дел од ребрата во образот, за да продолжи со процесот на обновување на лицето откако коските на лицето и пукнале низ годините.

Даниела ги покажа резултатите од процедурите што ги правеше во текот на изминатата година, вклучително и филери и ботокс, и тврди дека е подготвена за нови и со нетрпение ги очекува.

„Едвај чекам да завршат сите операции. Ќе се вратам во мојата најдобра и борбена форма, а следната година ќе наполнам 50 години! Подготвена сум, повеќе од подготвена за целосна физичка трансформација”. напиша покрај фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил.

Претстојната операција на образот на Даниела ќе биде една од најинвазивните бидејќи ќе и биде вграден дел од коската на реброто во лицето откако наводно и изгниле јаготките и непцата поради остеопороза, но тоа всушност било резултат на тешка зависност од кокаин.

„Во моментов поминувам низ многу операции. Тие се добри, но се многу тешки“, изјави актерката за магазинот „ОК!“.

Операциите на Даниела дојдоа откако таа вети дека ќе го промени својот живот во 2021 година по години злоупотреба на дрога и алкохол, а откако се заколна, актерката изгледа посреќна и позадоволна од кога било.

Во едно интервју во 2018 година, таа откри дека образите и се распаѓаат и дека наместо заби, има завртки кои и го сечат јазикот додека зборува. Во други моменти би била во агонија затоа што би била отечена поради коските што скапувале и ја ослабувале.

„Едноставно повеќе не личам на мене. Очигледно поради дрогата ќе стареам многу побрзо, но ова не ми требаше“, заклучила таа тогаш.