Какво време дојде во Македонија (виц)
Одам на бензинска и велам „до горе“… Влегувам внатре и ѝ велам на касиерката „На број 3 дизел, едно кратко еспресо и Сникерс“, а таа притиска едно копче под масата. За 2 минути УЈП и финансиска полиција доаѓаат на лице место.
Веќе 3 часа им објаснувам дека не перам пари. И се ќе поминеше како што треба, при претресот на автомобилот да не ми најдеа 2 кг краставици и 4 шишиња зејтин.
