10 кратки вицови за долго смеење

Македонецот трпи, трпи, трпи, па кога ќе му пукне филмот… ќе си додаде знаменце на профилната слика.

– – – – – – –

Во моментот сопствениците на лаборатории гледаат тажно и завидливо кон сопствениците на бензинските станици.

– – – – – – –

– Ало учителке, денес синот ми е болен и нема да дојде на училиште.
– А кој се јавува?
– Татко ми.

– – – – – – –

Двајца цариници си прават муабет:
– Замисли има луѓе кои што мечтаат за свет без граници.
– Идиоти! Сакаат да ни го земат лебот.

– – – – – – –

САД: Го нападнавме Ирак затоа што имаа нуклеарно оружје
Украина: А зошто не и Русија
САД: Затоа што имаат нуклеарно оружје

– – – – – – –

– Се скаравме со жената и таа ми објави штрајк со глад!
– И колку време не јаде?
– Не таа, јас не јадам…

– – – – – – –

– Како се вика машкиот задник?
– Анус.
– А женскиот?
– Бонус!

– – – – – – –

– Многу сакам да сретнам жена, која што ќе ме сака таков каков што сум.
– Е каков си?
– Женет сум.