Северина покажа што доби од поранешниот сопруг за 8 Март: „Каква убава честитка, мора да е љубов“
Пејачката Северина (49) добила „честитка“ за Денот на жената која не ја очекувала.
Таа на својот Инстаграм профил сподели со следбениците како добила покана за суд од поранешниот партнер и татко на нејзиното дете Милан Поповиќ.

„Колку прекрасна честитка за денот на жената… Ме викаат за роденден, прекрасно. Некој би рекол дека функционира правната држава… Презимето е погрешно… Имам над стотина вакви. Тоа мора да е љубов. Среќен ден на жената.“, напиша таа покрај фотографијата од судската покана со презиме Којиќ покрај нејзиното име, а датумот на постапката е 21 април и се поклопува со нејзиниот 50-ти роденден.

„Никој не може против силна жена“, „Не можат тие толку покани да испратат колку што можеш да победиш во секоја“, „Среќен ден на жената, ќе го издржиш и ова само јако“, се некои од многуте пораки за поддршка што ги добила во коментари.

Северина со години се расправаше со Милан за старателството над синот, а Жупанискиот суд во Сплит ѝ го врати старателството на пејачката на крајот на август минатата година, откако момчето живееше со својот татко 20 месеци и таа имаше право да се види со него двапати неделно и секој втор викенд, за летен и зимски одмор.
