4 причини зошто е лоша идеја да си легнете да спиете гладни

Да се биде гладен има негативен ефект врз учењето и работењето, па дури може да предизвика и депресија, велат истражувачите.

Многумина сè уште мислат дека да си легнете изгладнети е добра идеја бидејќи така се намалува тежината. Но, науката докажа поинаку, па дури и забележа повеќе несакани ефекти од изгладнување.

1. Може да изгубите мускулна маса

За оние кои се обидуваат да добијат мускулна маса, гладта е лош избор, според специјалистите. Можеби ќе ја прескокнете вечерата, но ви требаат хранливи материи за да ги претворите протеините во мускули. Добро е да ги прескокнете копнежите кон крајот на ноќта, но немојте да го форсирате вашето тело и да бидете секогаш гладни кога ќе си легнете.

2. Може да се здебелите

Да, може да има спротивен ефект. Студиите кои промовираат губење на тежината со не јадење пред спиење се контроверзни. Значи, негативната страна може да биде затоа што го прескокнувате оброкот, а потоа да се прејадете затоа што толку гладувате. Со други зборови, храната станува двојно примамлива и одеднаш ризикувате да се прејадете.

Изјавата дека нашиот метаболизам е побавен во текот на ноќта е контроверзна и нема докази за да поддржат. Сепак, тоа не значи дека треба да јадете многу пред спиење. Здрав одброк 2-3 часа пред да си легнете е сосема во ред.

3. Може да спиете полошо

Повеќето од нас веројатно доживеале да спијат гладни. Во оваа состојба, потребно е многу повеќе време да заспиете, па ако сакате да спиете добро, не се изгладнувајте. Ако се чувствувате глади изедете краставица и испијте чаша вода, доколку веќе сте во кревет и не е време за нешто повеќе.

4. Може да ја изгубите енергијата

Ако не јадете, немате „гориво“ за да бидете активни во текот на денот. Ова е старо правило. Многу е важно наутро да се чувствуваме добро затоа што треба да одиме на работа и нашиот мозок треба да биде активен. Истражувачите забележале дека многу несакани ефекти од изгладнување можат да бидат штетни, како замор и депресија.