10 кратки вицови за да ви биде весел целиот ден
Услугата на бензинските пумпи се подобрува. Сè побрзо и побрзо точам бензин за 500 денари.
– – – – – – –
Вчера ти го гледав профилот 93 пати. Денес 76. Ме губиш, бејби!
– – – – – – –
Жена му на кафе не го пушта, тој од НАТО ќе излегувал!
– – – – – – –
Внукот оди кај баба си за да ѝ го го честита 8-ми Март:
– Мила бабо, среќен 8-ми Март!
Се замислува, а бабата му помага:
– И посакуваш…?
– И посакувам мекици со сорење и торта со бисквити!
– – – – – – –
На зборовите на сопругата:
– Крај, те напуштам!!!
Младиот сопруг почнува да моли за прошка.
Искусниот чека да заврши хистеријата.
А тој со најголем стаж во бракот тажно вели:
– Само ветуваш…
– – – – – – –
– Крај, заврши…
– Што? Ракијата ли, ма?
– Не! Нашата врска!
– Уфф… Од памет ме извади!
– – – – – – –
– Ние дебелите ќе отслабнеме, ама вие глупавите што ќе правите?!
– И ние ќе отслабнеме!
– – – – – – –
Асистентот:
– Професоре, пред вашиот кабинет стои еден питач и чека да му дадете нешто!
– Добро, дајте му две задачи по геометрија!
– – – – – – –
Ќерката зема возачка и оди со автомобилот да го земе татко си од работа. Кога стигнуваат дома таткото излегува од автомобилот и вели:
– Ти благодарам!
– Нема на што тато!
– Не ти велев тебе!
– – – – – – –
Бензинот поскапува, храната поскапува, струјата поскапува… Но, радоста дојде од таму, од каде што најмалку очекувавме – цената на јахтите паѓа.
