Што прават руските милијардери поради санкциите кон Русија од целиот свет?

Руските бизнисмени решија да го спасат својот имот од евентуална заплена по најавата на нови санкции од страна на САД и европските земји.

Познато е дека западните лидери почнаа да ги следат и замрзнуваат имотите на бројни руски компании и милијардери, вклучувајќи ги нивните јахти, куќи и приватни авиони. Меѓу државите кои вршат целосен попис на имотот на Русите кои се под санкциите се САД и многу земји од Европската унија.

Побарувачката за купување станови во Дубаи од руски клиенти значително се зголемила во март. Покрај тоа, неколку јахти на бизнисмени од Русија се закотвени во водите на Дубаи. Поточно, бродот Мадам Гу на олигархот Андреј Скоч, како и уште најмалку три големи јахти, кои се претпоставува дека се во сопственост на руски претприемачи. Исто така бизнисмените кои се под закана на санкции ги паркираат во Дубаи и своите приватни авиони.

Покрај тоа, според сервисот за следење на бродови Marine Traffic, уште три јахти во сопственост на руски бизнисмени се упатени кон Малдивите и Црна Гора. Познато е дека овие држави немаат договори за екстрадиција со САД.