Еве како изгледа денес единствената ќерка на Есма Реџепова, ја посвои со 47 момчиња, таква одлука донела од една причина и не зажалила!
Елеонора Мустафовска е единствената ќерка на покојната музичка дива Есма Реџепова, која беше позната и како единственото девојче што го посвои со 47 момчиња.
„Одлично се сложуваме исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да имаш женско отколку машко детре и не се излажав. Елеонора студира на Универзитетот ЕСРА во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на бендот Есма, кој ме придружува“, изјавила во една прилика пејачката.
По дипломирањето и по смртта на нејзината мајка, Елеонора продолжи да се занимава со музика под уметничкото име Малиша.
„Нејзиното заминување ме растажи до болка, ми требаше долго време да почнам да живеам нормално и да продолжам понатаму. Сè уште верувам дека ме чува од рајот и со нетрпение чека да тргнам по нејзините стапки.“, изјавила Елеонора.
Есма Реџепова почина во 2016 година на 73-годишна возраст по кратко боледување. Покрај богатата музичка кариера, таа оствари и хуманитарна кариера бидејќи во период од 50 години посвои 48 деца за кои се грижеше до својата смрт.