10 кратки вицови за весел старт на работната недела
Се молат мажите кои што не држеле потежок уред од епилатор, да не ја коментираат војната!
– – – – – – –
– Да го пуштам ли телевизорот да ги слушнеме вестите?
– Пушти го, ама од терасата!
– – – – – – –
Тоа не е изневерување душо, туку специјализирана с*ксуална операција на туѓа територија.
– – – – – – –
Во судот:
– Се колнете ли дека ќе ја кажувате вистината и само вистината?
– Да, дебела жено со мустаќи!
– – – – – – –
Оглас:
„Продавам полн резервоар со бензин! Автомобилот со него е бесплатен.“
– – – – – – –
Комшијата:
– Комшивке, може ли да ми дадеш…
Комшивката го прекинува:
– С*кс и сол – може. Зејтин – не!
– – – – – – –
Жената започнува кавга со мажот:
– Доста седиш пред тој телевизор по цел ден! Што толку им тој, а што немам јас?
Мажот одговара:
– Mute…
– – – – – – –
Си ја купив книгата „Како да се заштитиме од онлајн измами“, и никогаш не ми ја доставија!
– – – – – – –
Тој ја притисна кон ѕидот, ја погали по косата и нежно ѝ прошепна:
– Сакаш ли да те намачкам со зејтин, а?
А таа палаво му одговори:
– А краставицата кога?
– – – – – – –
Оглас:
„Продавам 20 литри масло за јадење. Можна е замена за Toyota RAV4.“
