Кој знае каде е излезот? Ова е најголемиот лавиринт од бамбус во светот и не мора да одите до Кина за да го видите

Кога ќе се каже бамбус сите првин помислуваат на Азија и претпоставката дека огромен лавиринт со бамбус би се наоѓал таму. Сепак ова не е случајот.

Кога италијанскиот колекционер на уметнички дела и библиофил Франко Марија Ричи го напуштил кормилото на својата издавачка куќа, рекол, парафразирајќи го Волтер, „laissez-moi cultiver mon jardin“ укажувајќи на потребата да се обработува сопствената градина и се фрлил во уредување на монументален лавиринт.

Најголемиот уреден лавиринт од бамбус во светот се наоѓа на имотот на Франко, во Фонтанелат, недалеку од Парма, Италија. Паркот на културата, дизајниран во соработка со италијанските архитекти Пјер Карло Бонтемпи и Давиде Дуто, со години се подготвува да се отвори за јавноста кога ќе порасне на 17 хектари или 170.000 квадратни метри.

Labirinto Della Masone или масонски лавиринт е исто така музеј, галерија, како и место за разни настани. Покрај тоа, на посетителите им нуди можност да уживаат во фини вина и локални специјалитети, служи како деловен простор и место за различни презентации.

Франко Марија Ричи засадил 120.000 бамбуси од различни сорти, високи помеѓу 15 сантиметри и 30 метри, формирајќи патеки подолги од три километри. Зошто бамбус? Бидејќи тоа е растение кое не се разболува лесно, не губи лисја во зима – и го прочистува воздухот.

Лавиринтот го симболизира патувањето на човекот низ животот, од незнаење до просветлување, а распоредот на облиците го имитира планот на утврдувања што го смислил Микеланџело за да ја одбрани Фиренца.

Во центарот на лавиринтот има плоштад, опкружен со колонади, а во пространите сали се дизајнирани како место за концерти, забави, изложби и други културни настани. Капелата во форма на пирамида со поглед на плоштадот служи како потсетник на лавиринтот како симбол на верата. Комплексот лавиринт вклучува простори за културни настани и библиотека посветена на типографијата и уметноста. Лавиринтот и музејот се отворени за посетители секој ден освен вторник (и некои празници) од 10:30 до 18 часот.