Небото над Шпанија се обои во портокалово, а причината за тоа ја открија метеоролозите
Шпанските власти објавија екстремно лоши оценки за квалитетот на воздухот во голем дел од земјата, откако маса топол воздух од Сахара го премина Медитеранот.
Топлиот воздух всушност бил облак од прашина предизвикан од бурата „Силија“, што е причината за овие портокалови пејзажи низ целата земја. Шпанскиот национален индекс за квалитет на воздухот го оцени главниот град и поголемиот дел од југоисточниот брег како „исклучително неповолни“ (најлоша оцена). Шпанската метеоролошка служба ја опиша бурата од прав од Сахара како „многу интензивна“, додавајќи дека тоа е најлошата епизода од ваков вид досега.






























