Неверојатната трансформација на некогаш полничок актер: Ослабе дури 130 килограми и денес е невозможно да го препознаете!
Актерот Итан Супл, најпознат по улогата на брат на насловниот актер во серијата „My Name is Earl“, речиси цел живот се бореше со вишокот килограми, но сега ја доби таа битка.
За време на снимањето на популарната хумористична серија, тој тежеше речиси 250 килограми, а реши да се промени кога во 2002 година ја запозна својата сопруга Бренди Луис, со која се ожени во 2006 година.
„Кога ја запознав, прво почнав да размислувам за иднината и за се што сакам да живеам со неа“, изјави тој еднаш за магазинот People.
Оттогаш ослабе околу 130 килограми и се изваја во теретана, па може да се каже дека денес е еден од најзгодните момци во Холивуд, а неговата трансформација остава без здив.
Итан тврди дека неговиот сегашен изглед е резултат на вежбање и правилна исхрана и дека се откажал од гладувањето и разните диети бидејќи нема смисла и затоа што сака да ужива во оброците.
„Поминав речиси две децении приспособувајќи се на различни диети и страдав. Бев успешен во тоа, брзо ќе стигнев до целта, но многу брзо ќе паднев. Не патам повеќе, го сакам својот живот”, призна актерот.
Итан може да се види во филмот „Кучето“ кој моментално се прикажува во кината и глуми заедно со миленикот на жените Ченинг Тејтум.