Ова е Ана Делви, ќерка на камионџија, измамничка која живеела луксузен живот како благородничка, дури имала и слуги во затворот
Оваа година Нетфликс дури сними и серија базирана на животот и лукавите измами на Ана Делви.
Девојката е родена во сиромашно руско семејство, во 1991 г. во Германија, каде што татко ѝ работел како камионџија. Од 2013 до 2017 таа живеела измамнички луксузен живот во САД, претставувајќи се како германска благородничка со големо наследено семејно богатство. Роденото презиме Сорокина си го сменила во Делви и успеала да измами банки, финансиски институции, хотели, познаници за 275.000 долари, односно за толку ја фатиле.
Таа била осудена на 4-12 години затвор. Но, нејзиниот лагоден живот не престанал и во затворот. Благодарение на својата итрина, таа успеала да најде начин како да им плаќа плати на затворениците за да ѝ слугуваат, откако нели ги убедила дека е германска благородничка.
„Ако имаш пари, тогаш не треба да правиш ништо, само да платиш некој друг. Сите во затвор навистина мислеа дека сум лудо богата.“, појасни Сорокина во едно интервју. Таа добивала и телефонски минути од затворениците, за да комуницира со пријателите и да не губи контакт со надворешниот свет.
Во март минатата година, Ана Сорокина зборуваше за своите огромни хонорари, кои ги добила додека ја отслужувала казната за измама. Сорокина објасни дека сите години поминати во затвор се исплателе, бидејќи по ослободувањето почнала да добива многу понуди од медиумите и медиумските компании за соработка. На пример, таа доби 320 илјади долари од Нетфликс, кој ги откупи филмските права за нејзината приказна.
Приказнава испадна како онаа на нашиот Ѓорѓи Колозов, кога си замисли дека е богат, па на Шенка ѝ повторуваше:
„Кавето, чибукот, а парите сами ќе си дојдат.“






25.04.2019, USA, New York: Anna Sorokin, mutmaßliche Hochstaplerin aus Deutschland, sitzt in einem Gerichtssaal während die Jury sich berät. Sorokin, die unter dem Pseudonym Anna Delvey auftrat, soll New Yorker Hotel- und Geschäftspartner um Hunderttausende Dollar betrogen haben. Ihr wird mehrfacher schwerer Diebstahl vorgeworfen, im Fall einer Verurteilung droht ihr eine jahrelange Haftstrafe. Foto: Richard Drew/AP/dpa +++ dpa-Bildfunk +++




