Внатре во „Авионот за судниот ден“ кој треба да издржи нуклеарна експлозија
Повторно се појавија снимки од напредната воздушна команда на Боинг Е-4, познат и како Авион на Судниот ден, кој е направен да преживее нуклеарни експлозии.
Авионот датира од времето на Студената војна и беше објавено дека неодамна полетал од Вашингтон и бил забележан како лета над Ла Манш.
Според извештаите, леталото било видено како кружи над област северно од Кембриџ, а потоа изгледало како да се упатило кон РАФ Милденхол.
Снимката од Јутуб каналот на US Defence News ги води гледачите на обиколка на авионот за кој се вели дека е командно-контролен воен авион, со кој управуваат американските воздухопловни сили.
На снимката се прикажани мноштво контролни соби во авионот, со забелешката: „Создаден е така што во случај на национална вонредна состојба, или незамисливо сценарио како што е нуклеарна војна, не може да се отстрани од непријателот“.
The Doomsday Plane back to WP AFB after a 3 hours sortie [ #E4B 75-0125 w/ callsign KRUGR84] #doomsdayplane #Nightwatch pic.twitter.com/EYE7W8uvjJ
— Just Another Observer (@SkyWatch77) March 19, 2022
Авионот е дизајниран така што сепак ќе може да работи дури и ако се уништени контролните центри на земјата. За авионот се вели дека е специјално модифициран Боинг 747-200б. Може да наполни гориво додека е во лет и е зајакнат за да е заштитен од ефектот на електромагнетниот пулс. Авионот е командно место, имено за претседателот на САД, но и за секретарот за одбрана и наследниците.
Реткиот авион има три нивоа и е опремен со аналогни инструменти, како и посовремена технологија, за да се осигура дека е заштитен од сајбер напади. Главната функција на авионот е да дејствува како воен центар, поддржувајќи ги аналитичарите и стратезите во време на криза.
Сепак, авионот не е сосема неуништлив, бидејќи еден од авионите претходно беше оштетен кога торнадо погоди една од базите каде што се држеше авионот, оставајќи милиони да се потрошат за поправки.
Со тоа само еден од авионите што беше на ремонт во Тексас остана единствен оперативен авион веќе три месеци.
Кога авионот е целосно оперативен, тој вклучува специјални карактеристики како што е антена со жица долга пет милји која ќе им помогне на оние што се во него да останат во контакт со флотите на нуклеарни подморници доколку се уништат базите на копно, пишува The Sun.