Инвазија на ракови во Куба од невидени размери!
Раковите во Куба во ова време мигрираат од едно место на друго, па нормално е да се видат во близината на плажите, но никогаш до сега не биле во ваков број. Експертите го објаснуваат ова со фактот дека никој не ги „вознемирувал“ раковите за време на пандемијата, па тие активно се размножувале.






