6 футуристички дизајни за домовите кои биле замислени од дизајнерите од минатото

Иднината секогаш го фасцинирала човештвото. Ако сега размислиме за иднината, некои од нас замислуваат пост-апокалиптичен свет. Сепак никогаш не се знае како ќе изгледа иднината која би можеле да ја имаме. Луѓето пред нас имале прилично бујна фантазија која станувало збор за иднината, односно нашата сегашност. Сепак 2020 година никој не го чисти креветот со црево, а роботи сѐ уште не почнале да нѐ шминкаат.

Инспиративни слики биле земени од филмовите „Назад кон иднината“ или од луѓе од минатото, како италијански индустриски дизајнер Џо Цезаре Коломбо или американскиот автор на научна фантастика и астрофизичар Грегори Бенфорд.

Дневна соба (1950-ти)

Автор на текст од февруари 1950 година во Популарна механика сметал дека до 2000 сѐ ќе биде водоотпорно и ќе можеме да чистиме со млаз вода.

Оригинална слика

Кујна (1960-ти)

Истите овие домаќинки кои чистат со црево може да заштедат време на миење садови со употреба на пластични чинии за еднократна употреба кои едноставно се топат во топла вода, според статијата на Каемферт. А друга компанија верувала дека ќе има машина за садови која ќе чисти со ултразвучни бранови.

Оригинална слика

Спална соба (1960-ти)

Џо Коломбо бил дизајнер и визионер кој верувал во течни, прилагодливи системи за живеење.

Оригинална слика

Соба за игри (1960-ти)

Илустрацијата на Пол Александар за футуристичка соба за игри се чини дека е дизајнирана да ги охрабри гејмерите да гледаат и надвор од нивните екрани и да се вклучат и со природата и со технологијата околу нив.

Оригинална слика

Бања (1980-ти)

Во осумдесеттите години на минатиот век, Тим Флатер и Едвард Ејт требаа да ја замислат 2015-та година за креаторите на „Назад кон иднината II“

Оригинална слика

Соблекувална (1900-ти)

Најстарата визија во нашата колекција е замислена во 1900 година за 2000 година. „Мадам во нејзината тоалета“ е славната соблекувална.

Оригинална слика