Ова не е дневна соба, туку кабина во авион: Иднината на летањето со авион што ја сонуваме
Дали знаете како ќе изгледа иднината на воздушниот сообраќај? Одговорите ги даваат кандидатите кои ќе учествуваат на овогодинешното доделување на Crystal Cabin Awards.
Станува збор за меѓународна награда за иновативни производи и концепти поврзани со авиони, на која дизајнери, инженери и визионери ја планираат иднината на воздушниот сообраќај.
Потесниот избор за овогодинешната церемонија на награди во Хамбург во јуни вклучува предлози кои го намалуваат влијанието на авионот врз животната средина и обезбедуваат нови решенија кои им овозможуваат на авиокомпаниите поголема флексибилност во конфигурирањето на кабината за нивните клиенти.
Американската компанија Teague, на пример, дизајнираше кабини под името Elevate со ентериер кој изгледа како мала, но пријатна дневна соба. Масите и дополнителните седишта имаат механизам за преклопување за да можат да се постават и извадат по желба или да им обезбедат на патниците доволно простор и приватност.
Визионерите, исто така, дизајнираа пловечки седишта со рачен багаж складиран под просторот за седење, редови со седишта на кат и други концепти кои би можеле да станат реалност на комерцијалните авиони во блиска иднина.