Бункер на милијардерите: Дали е ова најбезбедното место за живеење на северната хемисфера?

Индијан Крик е остров на богатите и славните кој се протега на 1,2 квадратни километри во заливот Бискејн во Мајами Бич. Поради високата заштита на приватноста и безбедноста, но и профилот на луѓето кои го поседуваат, островот е наречен и Бункер на милијардерите.

Имотите овде ги купиле финансиски инвеститори, саудиски шеици, руски нафтени магнати, поранешни спортски легенди, пејачи и модели. За ексклузивноста на местото придонесува и фактот што на островот се достапни само 41 имот.

Спектакуларните домови вклучуваат спортски сали, спа области, пространи вински визби, џакузи и други луксузи на современиот свет, а просечната цена на имотот на островот е околу 20 милиони долари. Луксузните вили се опкружени со богато зеленило – има и прекрасен терен за голф со 18 дупки, но и големи базени и приватни плажи со поглед на заливот.

Островот Индијан Крик се нарекува едно од најбогатите, најбезбедните и најприватните населби во Мајами, но и во светот. Ова не е изненадувачки ако се знае дека единствениот копнен влез преку мостот е строго заштитен.

Покрај тоа, приватно вооружено обезбедување патролира на земјата и вода околу него 24 часа на ден. Ако не сте поканети, нема да можете да дојдете до него.