Навистина неразумно! Бизарна историја на хит закуска создадена „за долг и среќен живот“
Пред да станат незаменлива состојка во колачите и питите, грахам крекерите играа пуританска улога во 19 век. Во борбата против шеќер, алкохол, стимуланси, зачини и адитиви, американскиот презвитеријан Силвестер Грахам смисли крекери за да им помогне на луѓето да живеат долг и здрав живот.
Грахам верувал дека активностите што ги оштетуваат нервите треба да се избегнуваат за да се избегнат болести. За долг живот, тој советувал избегнување на месо, секојдневно капење, престој на свеж воздух и носење удобна облека.
Тој се залагал за апстиненција од секс и бил особено против мастурбацијата бидејќи „предизвикува ментална болест“. Неговите учења биле прифатени од илјадници следбеници кои верувале дека е грев да се јаде декадентна храна, како и да се пуши, да се консумира опиум или алкохол. Наместо тоа, јаделе невкусни крекери грахам и интегрален леб.
Едно од мотата на Грхам било дека пијаниците понекогаш живеат до старост, но никогаш гурманите. Тој верувал дека навиките во исхраната влијаат на однесувањето и обратно дека храната која премногу нѐ стимулира може да предизвика валкани мисли.
Веќе во раната младост, Грахам не бил во блескаво здравје, а по нервен слом во доцните дваесетти години се опоравил со интерес за теологија и здрава исхрана. По смртта на Силвестер, Националната компанија за бисквити (подоцна позната како Набиско) започнала со производство на крекери Грахам кои брзо станале популарни. Иронијата е во тоа што тие содржеле шеќер, штетни масти и конзерванси, на што нивниот истоименик жестоко се спротивставил.